Ги дознавме финалистите на АТП турнирот во Белград, утре ќе се сретнат српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кому ова му е прво финале сезонава и Русинот Андреј Рубљев .
Првиот и вториот носител Србинот Новак Ѓоковиќ и Русинот Андреј Рубљев во неделното финале ќе се борат за титулата победник на овогодинешниот АТП турнир во Белград.
Во првото полуфинале, по двочасовна борба, светскиот бр.1 го совлада Карен Хачанив од Русија со 2:1 во сетови , додека Рубљев беше подобар од Италијанецот Фабио Фоњини со 6:2 и 6:2.
Тоа ќе биде само втор дуел меѓу Ѓоковиќ и Рубљов, а во првиот одигран на минатогодишното АТП финале во Торино, најдобриот светски тенисер славеше со 6:3, 6:2.
Во своето 124. финале во кариерата, а прво годинава, Ѓоковиќ ќе бара пат до 87. титула. Рубљев стигна до своето 16-то финале, а трето во 2022. Во претходните две финалиња оваа сезона, Русинот освои титули во Марсеј и Дубаи, каде стигна до својот десетти АТП трофеј.
АТП Белград – полуфинале:
Новак Ѓоковиќ (СРБ / 1) – Карен Хачанов (3) 4: 6, 6: 1, 6: 2
Андреј Рубљев (2) – Фабио Фоњини (ИТА / 6) 6: 2, 6: 2