Македонскиот тенисер Калин Ивановски забележа скок од десет позиции на новата АТП листа, за првпат во кариерата влезе меѓу најдобрите 500 тенисери во светот.
Имаше одлични изданија на турнирите во Тунис, а тие му донесоа бодови на Ивановски со кои напредуваше на АТП листа. На последниот турнир македонскиот тенисер стигна до финалето каде го предаде мечот поради повреда.
На најновата АТП Листа, Ивановски е на 494. место со скок од 10 позиции. Тоа е неговиот најдобар пласман досега.
Прв и понатаму е Новак Ѓоковиќ, а во топ десет се уште и Карлос Алкараз, Стефанос Циципас, Каспер Руд, Андреј Рубљов, Рафаел Надал, Тејлор Фриц, Феликс Оже-Алиасим, Холгер Руне и Хуберт Хуркач.