Глазгов Ренџерс со 3-2 го доби дуелот од Купот на Шкотска против второлигашот Патрик Тистл, а на мечот имаше еден посебен момент кој почна неспортски, а заврши со фер-плеј.

 Лудата сцена се случи по еден инцидент во 70. минута. Играч на Глазгов лежеше повреден на теренот, по што гостинските фудбалери ја исфрлија топката. Играчите на Ренџерс им ја вратија, но Тилман одигра неспортски, веднаш им ја одзеде топката и постигна гол. Настана мешаница, фудбалерите се фатија за гуша.

Но тогаш реагираше тренерот на Ренџерс кој им нареди на своите фудбалери да им пуштат гол на играчите на Патрик Тистл. Тоа и се случи, гостите тргнаа од центар и непречено од никој постигнаа гол за израмнување на 2-2.
Во финишот од мечот Ренџерс постигна уште еден гол, победи со 3-2 и се пласираше во следното коло од купот.