Манчестер јунајтед триумфира со 2-0 против Тотенхем во рамки на 12.коло во Премиерлигата и можеби го одигра најдобриот натпревар сезонава.
„Црвените ѓаволи“ целосно доминираа со ривалот од Лондон и уште при резултат 0-0 имаа неколку сериозни шанси, но и добри одбрани на гостинскиот голман Иго Лорис, кој веројатно ја заслужи наградата играч на натпреварот. Французинот спаси неколку чисти погодоци на „црвените ѓаволи“ и само поради него Тотенхем не доживеа дебакл вечерва на „Олд Трафорд“.
Фред го отвори резултатот за домашниот тим во 47.минута, а Бруно Фернандеш реализираше во 69.минута за конечни 2-0.