Ливерпул по победата против Манчестер сити од 1-0, вечерва повторно славеше на „Енфилд“ со истиот резултат, но против Вест Хем во рамки на 12.коло во Премиерлигата.
Победничкиот гол за „црвените“ го постигна Дарвин Нуњез во 22.минута, кога погоди со глава по центаршутот на Костас Цимикас. Гостите можеа да изедначат во 45.минута од пенал, но Алисон Бекер успеа да го одбрани обидот на Џерод Боуен.
Победничката серија од четири натпревари на Челси запре на гостувањето кај Брентфорд. Натпреварот заврши без голови иако двата тима имаа одлични шанси за гол. Треба да се напомене дека повторно добро бранеше Кепа Аризабалага за „сините“, кој целосно ја оправдува довербата на менаџерот Греем Потер.
Њукасл со минимални 1-0 и благодарение на голот на Алмирон го победи Евертон, додека Саутемптон исто така со миминални 1-0 славеше кај Бормут.