Аргентинците на спектакуларен начин ги пречекаа своите миленици, фудбалските херои, кои станаа светски шампиони на Мундијалот во Катар, но целата церемонија можеше да се претвори во трагедија.
Играчите предводени од Лионел Меси минаа низ улиците на Буенос Аирес во отворен автобус и беа на кровот кога оддеднаш пред нив се појавија кабли.
За среќа, петтемина аргентинските фудбалери во последен миг ја забележаа опасноста и ги наведнаа главите за да избегнат евентуални повреди.
Паредес дури и ја загуби капата, која падна од неговата глава на земја, но, за среќа, немаше никакви сериозни последици за играчот.
Илјадници Аргентинци излегоа за да ги поздрават своите херои кои доцна по полноќ пристигнаа во својата земја со третата светска круна, прва во кариерата за Лионел Меси.
Аргентинската Влада го прогласи вторник за државен празник за да можат луѓето во земјата да се дружат и да ги поздрават новите светски шампиони.