Според информациите на таблоидот, кој најчесто сензационалистички објавува „ексклузивни информации“, кои потоа честопати се демантирани, Роналдо бил бесен откако до петокот Ралф Рангник во подготовката за дербито му посочил дека го планира за второто полувреме и дека нема да биде стартер. И во петокот наутро, Роналдо се пожалил на болки во колкот, па воопшто не бил во конкуренција за настап.
И Португалецот си заминал во родната Португалија за таму да ја лечи повредата, верувајќи дека топлото време и сонцето ќе му помогнат во тоа. Роналдо со тимот воопшто не бил во хотелскиот карантин ден пред мечот и ваквите информации многу ги разлутиле дел од луѓето во клубот, зашто очекувале дека како најискусен ќе биде со фудбалерите како поддршка.
„Сан“ додава дека до четвртокот на тренинзите сѐ изгледало нормално со Роналдо, тој бил мотивиран и бил фокусиран за градското дерби, ама во петокот наутро лекарскиот тим го известил Рангник дека Португалецот не може да игра зашто има повреда на колкот.
„Јас му верувам на мојот лекарски тим. Нашиот доктор дојде во петокот наутро пред тренингот и ми рече дека Роналдо не може да тренира, има некој проблем со колкот, а истото се случи и во саботата“, рече Рангник.