Сeнзација на годината е победата на Македонија против Италија (1:0) во дополнителните квалификации за СП, со која Македонија го елиминираше актуелниот европски првак. Голот за триумф за кој аборува светот во судиското продолжение го постигна Александар Трајковски (29), левото крило на Саудиски Ал-Фајх. Трајковски, кого Трансфермаркт го проценува на 350 илјади евра, постигна одличен гол од 20 метри и го изненади Џиџи Донарума.

Новиот народен херој на Македонија како 17-годишник во летото 2010 година како тинејџер од скопска Цементарница прави трансфер во Интер Запрежиќ. Во сезоната 2010/11. Во ХНЛ одигра само десет натпревари како првотимец на Интер, но тоа му беше доволно за да се истакне со три гола и четири асистенции.

Пред 19. роденден си замина од Интер, кој не можеше да одбие 1,1 милион евра, колку што понуди за него Белгискиот Варегем по само една сезона на Трајковски во Хрватска. Подоцна македонскиот херој настапуваше за Мехелен, Палермо, Мајорка, Алборг и Саудиски Ал-Фајх.

Најмногу се истакна во Палермо, каде постигна 20 и асистираше за 16 гола на 113 натпревари и во Варегем, за кој постигна 13 и асистираше на 11 гола на 96 натпревари. Трајковски на некој начин докажа дека е специјалист во Италија. За Македонија има постигна 19 гола на 71 настап. Помеѓу нив, синоќешниот гол во Палермо е оној кој го обиколи светот бидејќи ја исфрли Италија од борбата за Мундијалот.

 

Италија му е редовен клиент и пред пет години Трајковски постигна важен гол за гостинско реми, исто така во квалификациите за СП. Го матираше Буфон во Торино за конечни 1-1 а тоа значеше и губење значајни бодови Италијаните мораа да доигруваат во бараж. После тоа, Италија загуби од Шведска и не успеа да заигра на Мундијалот во Русија. Сега, сепак, ја исфрли од СП 2022. Така на Италија за првпат во историјата и недостасуваат две светски првенства по ред.