Канадските фудбалери ја пропуштија првата од трите „меч топки“ за Светското првенство во Катар. Канаѓаните минимално се поразени на гостувањето кај Костарика, која е во потрага по четврто место .
Во пресрет на 12. коло од последното коло од северноамериканските квалификации за Светското првенство во Катар оваа година, Костарика ја совлада Канада со 1-0 на домашен терен во Сан Хозе и се проби на четвртото место кое води во интерконтиненталните квалификации.
Воедно, Канаѓаните ја пропуштија првата од трите можности да обезбедат директен пласман на Мундијалот за кој им треба само уште еден бод.
Голема радост на навивачите на Националниот стадион во Сан Хозе им донесе Селсо Борхес, кој во првата минута од судиското продолжување на првото полувреме беше највисок во скокот пред канадскиот гол и со глава го упати центаршутот на Торес во мрежата. .
https://www.youtube.com/watch?v=laehIs2ZO2gСо оваа победа Костарика стигна до ефект од 19 бода, шест помалку од водечката Канада, но еден повеќе од петтата Панама, која потфрли играјќи на домашен терен само 1:1 против последниот Хондурас. Панама поведе преку Блекбурн (23), но Лопез (65) со својот гол му „откина“ два важни бода на домашниот тим.
https://www.youtube.com/watch?v=dGTQK45VZ-QКанада ќе има нова можност да го обезбеди вториот настап на Мундијалот, прв впо 1986 година, во недела кога во Торонто ја пречекува Јамајка.
Во големото северноамериканско дерби Мексико и САД одиграа 0:0 во Сиудад Мексико, па останаа на ист број бодови, втори се САД, а трет е Мексико со по 22 бода.
Од Северна Америка директен пласман во Катар ќе освојат три првопласирани екипи, додека четвртиот во интерконтиненталните квалификации ќе игра против победникот од Океанската зона. Претпоследното, 13. коло е закажано за в недела, а последното, 14. во среда.
Квалификации во Северна Америка, 12. коло:
Јамајка – Ел Салвадор 1:1
Панама – Хондурас 1:1
Мексико – САД 0:0
Костарика – Канада 1:0