Италијанските фудбалски репрезентативци Џорџо Киелини и Марко Верати не можеа да ја сокријат тагата и разочарувањето по испаѓањето од Македонија .
Од целиот фудбалски свет кој беше изненаден од испаѓањето на Италија од Македонија, во најголем шок се очекува да бидат самите италијански фудбалери. Капитенот Џорџо Киелини по натпреварот изјави дека се уште е горд на тимот.
“Ова е големо разочарување за нас бидејќи одигравме солиден натпревар и пропуштивме многу шанси. Горд сум на моите соиграчи. Уништени сме, но се надевам дека Манчини остане тука и во иднина”.
А дали самиот Киелини ќе биде во репрезентативниот дрес или тоа значи збогум, се уште не може да одговори.
Сега не е време да зборувам дали ова беше мојот последен натпревар во репрезентацијата.
Слично размислување за односот на натпреварот и резултатот има и Марко Верати, кој исто така не можеше да ја сокрие својата тага.
Тешко е да се разбере, доминиравме во играта и моравме да победиме. Моравме да славиме. Моравме да постигнеме гол рано и да ја завршиме работата затоа што бевме подобри, но можевме подобро. Тоа е фудбалот, клучот е да се биде безмилосен и смртоносен. Ова е тешко да се објасни, ова беше кошмар“, рече тој.
По Европското првенство сите очекуваа повторно да се издигне репрезентацијата и да се врати Италија како велесила, но сега зборуваме за две последователни промашувања на Мундијалот.
„Гледајќи низ соблекувалната, имаме играчи кои треба да се натпреваруваат за самата титула, но овде зборуваме за катастрофа. Тешко е да се падне од херој на нула. Доживеавме посебни моменти заедно и ќе бидам горд на моите соиграчи засекогаш. Ова е фудбал и треба да постигнете гол. Не успеавме, но дадовме се од себе што не беше доволно. Мора да се запрашаме. Имаше несреќа, но и вие треба да ја заслужите сопствената среќа“, заклучи Верати.