Ефектот на аргентинската супер звезда Лионел Меси за месец ипол од доаѓањето во Мајами – е рекордни приходи. Само еден ипол месец откако најдобриот светски фудбалер Меси дојде во Интер, ефектот од него не е само очигледен на теренот, со веќе освоен еден трофеј, туку и во финансиите – за три пати се зголемија приходите на клубот на Дејвид Бекам.
Американскиот клуб веќе ги објави првите проценки за тоа колку пари ќе влезат во клупската каса на Флорида, а тоа се рекордни 200 милиони долари, досега нешто незамисливо за најмладиот клуб во МЛС-лигата.
Колку е овој ефект голем, а сиот придонес оди на сметка на Меси е што за ланската година, само 33 клуба во цел свет имале приходи од 200 или повеќе милиони долари, нормално во топ десет најбројни се англиските премиерлигаши и рекордерот Манчестер сити кој сѐ поблизу е до една милијарда „зелени банкноти“.
Интер Мајами летово покрај Меси ги донесе и Жорди Алба и Серхио Бускетс, а веќе од јануари многу извесно е дека ќе им се придружи и Луис Суарез, уругвајслкиот легендарен напаѓач кој сега е дел од бразилски Гремио.