Токму денеска каталонците добија финансиска инјекција која доста ќе им помогне, вредна 207.5 милиони евра, трансакција која ќе овозможи Барса да ја заврши оваа фискална година со профит од 267 милиони евра.
Имено клубот од „Камп Ноу“ ја информираше јавноста дека постигнала договор со компанијата „Сикс Стрит“ (Sixth Street) за продажба на 10 проценти на ТВ правата за наредните 25 години.
Со ова великанот прави чекор напред во подобрувањето на финансиските ресурси на клубот, потег кој ќе им овозможи подобро позиционирање, на фудбалскиот пазар.