Екипата на селекторот Љубомир Савевски имаше добар старт (9-9), но потоа девојките од Турција го скршија отпорот на Македонија и на полувреме заминаа со 19-16.
Турција фати ритам во вториот дел, а Македонија не можеше да го следи нејзиниот чекор и на крајот загуби со 27-34.
Кипријановска беше најдобра во македонскиот состав со шест гола, додека Џатевска постигна еден помалку.