Летонските кошаркари ја победија Србија во квалификациите за СП 2023 со резултат 66:59.
Србија ја победи Летонија на првиот меч одигран во Белград по голема драма со резултат 101:100.
Во Рига, избраниците на Светислав Пешиќ не беа толку успешни и забележаа пораз, благодарение на многу лошата игра во вториот дел.
Кошаркарите на Србија малку ги искомплицираа работите во понатамошниот тек од квалификациите поради овој пораз од Летонија, особено кога ќе се земе во предвид фактот дека Србија беше подобар противник во првото полувреме.
Плејмејкерот Алекса Аврамовиќ тогаш одигра одлично, бидејќи плејмејкерот на Партизан ја носеше играта на Србија со 16 постигнати поени, од вкупно 31 поен што Србија постигна во тој дел од натпреварот.
Летонците го отворија мечот со седум врзани поени, но Србија одговори со тројки на Аврамовиќ и поранешниот ас на Црвена звезда, Дејан Давидовац. Тогаш видовме чудно темпо и првата четвртина заврши со водство на Летонија 13:12.
Србија најде начин како да дојде до кошот. Петрушев немаше поени, но имаше 8 скока кои Јарамаз, Аврамовиќ, Маринковиќ и други ги искористија за полесни поени, а потоа дојде првата лоша вест за Србија кога се повреди Марко Јагодиќ Куриџа.
Малкумина можеа да претпостават што ќе се случи следно. За цела трета четвртина српската репрезентација постигна 7 поени. Не погодуваа ниту Бобан Марјановиќ, ниту Филип Петрушев, ниту Вања Маринковиќ, а треба да се истакне дека никој не можеше да врзе две слободни фрлања, сите беа со половичен ефект.
Србија во еден момент можеше да стигне и до +11, но контрата запре и моментумот речиси исчезна, па следеа брзи тројки.
Бертанс, Ломаж, Куруц… Поени имаше од летонските стрелци кои третиот период го завршија со 46:38. Србија во последните 10 минути не промени многу. Уште на стартот видовме две неспортски грешки, по една на двете страни, но и тоа не ја подигна играта на избраниците на Светислав Пешиќ.
На крајот Србија претрпе пораз со прифатлива разлика, но пораз кој боли и кој може да послужи како шлаканица, 66:59 беше конечниот резултат со 16 поени на Аврамовиќ, 12 Маринковиќ и 9 Давидовац.
Од друга страна Куруц постигна 13 поени, а Каварс и Гразулис по 10, а Бертанс постигна 8.