Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во третото коло на Вимблдон со победата од 3:1 над Ричард Беранкис (6:4, 6:4, 4:6, 6:3).
Натпреварот траеше речиси три часа, бидејќи Литванецот навистина скапо ја продаде кожата, освои еден сет и го измори Шпанецот повеќе од очекуваното.
Надал и попладнево не покажа претерано квалитетен тенис, но против Литванецот беше доволно да победи во четири сета.
Од почетокот се играше гем за гем, без можности за брејк, се до 10. гем во кој Шпанецот изврши притисок врз Беранкис.
Раката му беше скрати на Беранкис, а искусниот Надал тоа одлично го искористи и тоа резултираше со освојување на првиот сет.
Идентичен беше и епилогот од вториот сет, со тоа што Беранкис дојде до брејк и водство од 3:1, но потоа попушти и ја испушти стекнатата залиха.
Надал ја преживеа можноста за брејк при 4:4 и стигна до четири сета топк во следниот гем. Четвртата ја искористи со одличен бекхенд и поведе со 2:0 во сетови.
Многу тенисери дури тогаш би паднале , но Беранкис одговори со брејк на стартот од третиот сет и потврда за 2:0.
Подоцна одлично сервираше и ја задржа стекнатата предност, а кога дојде до ситуација да сервира за сет, тоа го направи извонредно и ја закомплицира ситуацијата на централниот терен на Вимблдон.
Но, тоа беше се што направи Литванецот, бидејќи Надал набрзина заигра во шеста брзина и освои 12 од 13 поени во следните три гема.
Тој лесно стигна до 3:0, а потоа дождот почна да врне и предизвика пауза од цел еден час. Но, ниту паузата не му помогна на Беранкис, бидејќи Надал рутински по само неколку минути го приведе мечот кон крајот.
Вториот носител во борбата за осминафиналето за два дена ќе игра против Лоренцо Сонего од Италија, кој претходно во текот на денот беше подобар од Французинот Гастон со 3:0 во сетови.