Од тој момент, Македонецот заигра многу подобро и со четири гема по ред изедначи на 5-5 во вториот сет, по што го доби сетот во тај-брејк. Ивановски во решавачкиот сет веднаш направи брејк и поведе со 3-0, со што го трасира патот кон големиот триумф.
Со оваа победа, за која му требаа повеќе од два часа, македонскиот тенисер се пласира во четврт-финалето од турнирот во Франција, каде што ќе ги одмери силите со подобриот од пресметката помеѓу Тристан Ламасин (Франција) и Давид Санчиз (Шпанија).