Поранешниот француски репрезентативец и поранешен фудбалер на Пари Сен Жермен, Жером Ротен, кој го носеше дресот на „светците“ од 2004 до 2009 година „удри“ по Лионел Меси, најдобриот фудбалер на денешницата после елиминацијата на парискиот гигант во осминафиналето во ЛШ и поразот со вкупни 0-3 од Баерн Минхен.
Ротен веќе неколкупати жестоко го критикува Меси, а и политиката на ПСЖ за ангажман на скапо платени ѕвезди, а клубот нема никаков бенефит. ПСЖ дури петпати во последните седум години испаѓа во осминафиналето во ЛШ, а има само едно финале во корона-годината кога на фајнлејт во Лисабон загуби со 0-1 во финалето од Баерн.
„Не го сакаме Меси – веднаш нека си замине! Тој не сака да се даде себе си за клубот. Читав некои изјави дека се прилагодил на ПСЖ. На што тоа се прилагодил?! На тоа дека имаш 18 гола и 16 асистенции против Анже и Клермон?! На важните мечеви никаде го нема. Како да си игра со нас. А, сите видовме како играше на СП и колку беше посветен. Јас разбирам дека репрезентацијата е нешто друго, но мора да го почитуваш и клубот кој те плаќа. Само ПСЖ во Европа може да му ги даде парите кои сега ги зема. Сите очекуваа дека Меси ќе помогне да се освои ЛШ, а досега тој не направи ништо“, рече Ротен.