Македонија лошо го почна мечот, имавме проблеми во нападот, во првите 20 минути дадовме само четири голови. Португалија на два пати имаше по четири гола предност.
На одморот се замина со предност за гостите од три гола разлика, 11-14.
Вториот дел го започнавме многу подобро. Томовски беше брилијантен на голот, почнавме да ја намалуваме предноста на Португалците, во 44. минута стигавме до 19-19, а Филип Кузмановски со еден проектил од далечина го донесе првото водство на Македонија, 20-19.
Македонија поведе и тука застана, следи серија од 4-0 на Португалците кои го одржуваа водството до крајот на натпреварот и триумфираа со 23-29.
Филип Кузмановски и Мартин Серафимов со по пет голови беа најефикасни кај Македонија, Џонов постигна три. Незапирлив во составот на Португалија беше Ареиа Антонио со 10 голови.
Ова беше прв пораз на Македонија во квалификациите, за три дена повторно играме со Португалија, но на гостински терен.