Рома со 2-0 го совлада Реал Сосиедад на Олимпико, за голем триумф во првото осминафинале од Лига Европа, додека лондонски Арсенал одигра реми 2-2 на гостински терен кај Спортинг Лисабон.

Римјаните ја искористија предноста на домашен терен и стигнаа до сигурна победа од 2-0 над Реал Сосиедад.

Абрахам асистираше до Ел Шарави кој реализира за водство на Рома од 1-0. Во 87. минута по нафрлување на Дибала, Кумбула само со глава и донесе триумф од 2-0.

Добар резултат има и Арсенал , кој одигра нерешено со Спортинг во Лисабон, но ќе мора да победи во Лондон.

Топчиите поведоа во 22. минута со голот на Салиба, Инасио во 34 мин. изедначи на 1-1. По десет минути игра во вториот дел со гол на Паулињо, Спортинг направи комплетен пресврт, но во 62. минута Морита си постигна автогол за конечни 2-2.

Најефикасен беше натпреварот меѓу Унион Берлин и Ројал Унион кој заврши 3-3.

Баер Леверкузен со 2-0 го совлада Ференцварош а стрелци беа Демирбај и Тапсоба.