Веспрем триумфираше против Барселона со 39-34 и ќе се бори за титулата на Светското клупско првенство во ракомет.
Унгарскиот гигант Веспрем водеше во првото полувреме, иако Барселона беше блиску до израмнување, меѓутоа на паузата унгарскиот тим замина со предност од 15-13.
Во вториот дел Веспрем направи исчекор кон победата (17-13), но каталонскиот гигант набрзо се разбуди и израмни на 25-25.
Во завршницата се водеше голема битка и двете екипи се изборија за продолжение, откако во регуларниот дел беше 29-29. Сепак, во дополнителните минути Веспрем беше подобар во нападот и оствари триумф со 39-34.
Најдобри во победничкиот тим беа Ремили и Дескат со по девет голови, додека Алеиш Гомез Абељо постигна 10 погодоци за Барселона.
Во второто полуфинале ќе се судрат Магдебург и Ал-Ахли од 19 часот.