Ракометарите на Вардар вечерва од 18.45 часот гостуваат кај Веспрем во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите, на меч на кој огромна е предноста за унгарскиот гигант од осум гола после убедливата победа во Скопје во минатата недела.

Вардаровиот кормилар Дејвид Дејвис ги избра ракметарите со кои ќе се соочи со својот екс-клуб, а на списокот го нема само еден од најискусните, голманот Борко Ристовски, па така црвено-црните на голот ќе бидат со Мартин Томовски и младиот Васил Гогов.

Останатите на списокот се стандардни и нема друго изненадување.

Вардар загуби со 22-30 минатиот четврток во „Јане Сандански“ во првиот меч од Веспрем.