Хрватската ракометна репрезентација се наоѓа во Сегед каде утре на Европското првенство ќе го започне натпреварот против Франција. Лошата вест пристигна денеска, Марко Мамиќ е позитивен на коронавирус.
Откако Домагој Дувњак и Лука Циндриќ беа позитивни на коронавирус на почетокот од третата фаза од подготовките за Европското првенство, позитивен беше и Марко Мамиќ по пристигнувањето во Унгарија.
Дувњак имаше негативен тест пред заминувањето во Унгарија, но поради проблеми со грбот остана во Хрватска и по третманот треба да и се приклучи на репрезентацијата.
Вчера Лука Циндриќ се уште беше позитивен и треба да чека негативен тест за да се приклучи.
Нов проблем е со Мамиќ, кој поради позитивен тест практично е загубен на сите три натпревари од првата фаза од натпреварувањето, што значи дека Хрвоје Хорват доколку нема посебни промени треба да ги искористи оние играчи кои играа против Русија во Осиек.
Потсетуваме, Мамиќ поради полесна повреда не настапи на тие натпревари против Русија, а голема минутажа имаше Халил Јагањац, која ја очекува и на првенството.
Останува отворено времето за приклучување на Дувњак и/или Циндриќ, но со оглед на новонастанатата ситуација, можно е да се приклучи некој нов играч по позитивниот тест на Мамиќ.