Фудбалерите на Реал Мадрид и Барселона вечерва од 20 часот ќе го одиграат „Ел Класико“ во рамките на полуфиналето на шпанскиот Суперкуп, во Ријад, Саудиска Арабија.
Се е на страната на Реал Мадрид, и формата и квалитетот и традицијата. Сепак, Реал на теренот ќе излезе ослабен во одбраната, со оглед на тоа што Алаба го нема во протоколот. Австрискиот фудбалер не е ниту на клупата за резерви.
Сите беа изненадени од оваа информација, а според последните податоци стоперот на Реал почувствувал болки во мускулите и поради претпазливост бил исклучен од тимот.
Затоа „кралевите“ ќе настапат во следниот состав:
Куртоа; Менди, Начо, Милитао, Карвахал; Крос, Касемиро, Модриќ; Винисиус, Бензема, Асенсио
Вториот полуфинален натпревар ќе се одигра во четврток, кога на терен ќе излезат Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао.