За 11-та победа од 21 меч досега, Марсеј до триумфот го водеа првата ѕвезда Дмитри Паје со голот во 34-та минута од пенал и резервистот Седрик Бакамбу со голот во 77-та минута, на асистенција на Матео Гендеузи, само две минути откако влезе во игра.
Ова беше трета победа во низата од пет меча без пораз на Марсеј, за разлика од Ланс кој со седмиот пораз остана на 33 бода на седмото место, но сѐ уште е во игра за местата кои водат во Европа.