„Светците“ по неуспехот во првиот ден од новата година кај Ленс (1-3), загубија и на гостувањето кај Рен (0-1) а немаа ниту еден пораз во првите 15 меча од француското првенство. ПСЖ настапи со тројцата најдобри, Меси, Мбапе и Нејмар, но ниту тоа не беше доволно да се скрши жилавиот домаќин, кој победничкиот гол го постигна преку Траоре во 65. минута ( видете го голот ТУКА).
Тимот од Париз останува лидер во Лига 1 со 47 бодови, но сега само три повеќе од Ленс, со што трката за титулата станува далеку поинтересна и подраматична.
Рен со овој триумф, дојде на петтата позиција со 37 бода, десет помалку од лидерот ПСЖ.