Вечерашната официјална промоција на Кристијано Роналдо во нов фудбалер на саудискиот тим Ал Наср е вест број еден во светот, а ловците на „киксови“ веднаш добија џекпот – го уловија Португалецот како ја греши државата во која ќе игра.
Тој на прес-конференцијата во Ријад на новинарите им кажа дека не планира да се пензионира, но наместо да каже во Саудиска Арабија кажа Јужна Африка. Тешко дека може да се поверува дека тој не знае географија, ниту, пак, дека заборавил кој го плаќа 200 милиони евра годишно, па грешката може да се препише на преголемата возбуда.
Но, без разлика на тоа, сеирите по социјалните мрежи веќе почнаа, а сигурно е дека ќе потраат и во следните денови.