Ајнтрахт Франкфурт и Баерн Минхен одиграа возбудлив натпревар со шест голови, а домаќинот со гол во 94. минута се изборија за 3-3 и поделба на бодовите.
Ајнтрахт Франкфурт успеа да му откине два бода на Баерн Минхен и му ги помати сметките на фаворитот.
Гостите поведоа по 15 минути игра, Кин Мин Јае донесе 0-1. Сепак, за брзо време се случи целосен пресврт, Мармуш изедначи на 1-1 во 22. минута, а Екитике донесе 2-1 за домаќините во 35. минута од мечот.
Следуваше блиц криг на баварците, Упамекано се погрижи на пауза да се замине со 2-2, а Олисе на стартот од вториот дел реализира за нов пресврт и 2-3.
Се чинеше дека лидерот на табелата ќе ги освои трите бода, но Ајнтрахт направи контра во 94. минута а Мармуш го матираше Нојер за 3-3 и огромна радост на „Дојче Банк Парк“.