Барселона се намачи, но го доби дербито против Севиља на домашен терен (1-0) во 30. коло од Примера. Со натпревар помалку, каталонците се искачија на втората позиција зад лидерот Реал Мадрид.
https://twitter.com/BaggioM10/status/1510717239351152642?s=20&t=lFBrt0z6gAFERA3MBdrV3wКаталонскиот тим можеше и порано да го отвори резултатот. Но, доминацијата не ја круниса со погодок. Пике ја погоди пречката, а минути подоцна се случи и одлучувачкиот момент.
Педри ја измеша противничката одбрана и од далечина го матира Боно. Гостинскиот голман беше немоќен, а неговите соиграчи паднаа на двата лажни обиди на шпанскиот интернационалец во 72. минута од мечот.
Барса ја спушти топката на земја и не ризикуваше во финишот. Тоа не остави многу простор за гостите да се заканат и да стигнат до посакуван бод. Севиља остана при врвот, но сега падна на четвртото место, по четири меча без победа во домашниот шампионат.