Хаотишна ситуација имаше на фудбалски натпревар во Колумбија. Фудбалерот на колумбискиот Атлетико Национал, Пабло Сепелини доживеа непријатна сцена на мечот со Индепендиенте од Меделин, кога кон него беше фрлен нож од трибините.
Инцидентот се случи при изведување на корнер од страна на Сепелини. Тогаш од трибините летна нож, кој заврши директно во главата на фудбалерот.
За среќа, Сепелини имаше многу среќа и остана релативно неповреден, дури и со многуте предмети кои продолжиле да слетуваат во негова насока додека лежел на теренот. Колумбиското дерби заврши без победник, 2-2.