Шкотска славеше на гостувањето кај Ерменија со 4-1 во третото коло од Лигата на нации и така се израмни по број на бодови со Украина, која има одиграно еден меч помалку.
Ерменија го почна многу добро мечот и по шест минути ја затресе мрежата на Шкотска (1-0), но потоа Армстронг со два гола до крајот на полувремето донесе целосен пресврт (2-1).
Шкотска беше подобар противник и во вториот дел постигна уште два погодоци преку МекЏин и Адамс.
Украина е прва со шест бодови и подобра гол-разлика од Шкотска, која има исто толку бодови. Ерменија и Ирска имаат по три бода.
На вториот меч кој се играше од 18 часот во Лигата Д, Молдавија ја совлада Андора со 2-1.