Фудбалскиот клуб Болоња му врачи отказ на српскиот тренер Синиша Михајловиќ, објавија „Коријере дело спорт“ и „Скај спорт Италија“.
Сезонава таа екипа освои само три бода во првите пет кола од Серија А и засега не знае за триумф.
Болоња се уште нема официјално соопштение, но сите информации говорат дека таква е одлуката.
Михајловиќ се уште се бори со леукемија, која повторно му беше дијагностицирана во март.
Миха првпат беше тренер на Болоња во 2008 година, а во клубот се врати во 2019 година, неколку месеци пред да дознае дека боледува од леукемија.
На клупата на овој тим оствари 43 победи на 130 натпревари.
Како можни замени за Синиша Михајловиќ се споменуваат Тиаго Мота, Клаудио Раниери и Роберто де Зерби.
https://twitter.com/CorSport/status/1567145332118638593?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1567145332118638593%7Ctwgr%5E6f09c3e5d54329a097cd677947089d678c03d776%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Ffudbal%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D09dd%3D06nav_id%3D2208950