Унгарските ватерполисти ја совладаа Црна Гора со 11:8 (3:1, 2:3, 2:1, 4:3) во четвртфиналниот натпревар на Европското првенство во Сплит.

Избраниците на Золт Варга на тој начин изборија пласман во полуфиналето каде ќе играат против подобриот од дуелот меѓу Шпанија и Грција.

Унгарците до победата ги предводеше маестралниот Шилард Јаншик, кој погоди од сите пет обиди, додека Герго Заланки од десет обиди само еднаш ја погоди мрежата. Кристијан Манхерч постигна два гола, додека сите останати се запишаа само еднаш.

Кај противниците со по два гола се истакнаа Константин Аверка, Мирослав Перковиќ и Богдан Ѓурѓиќ.

Полуфиналните натпревари се закажани за два дена, а Унгарците својот меч го играат од 18 часот. Тогаш ќе се играат и мечевите за плеј-офот од петтото до осмото место, кога од 14 часот ќе настапат Црногорците.

Европско првенство, четвртфинале
Унгарија – Црна Гора 11:8 (3:1, 2:3, 2:1, 4:3)
16:30 часот Италија – Франција
19:00 Шпанија – Грција
20:30 Хрватска – Грузија

https://twitter.com/LENaquatics/status/1567155459659816960?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1567155459659816960%7Ctwgr%5E6400debee0fd395c27f533a1e11f0905ec2cee2a%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Fvaterpolo%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D09dd%3D06nav_id%3D2208948