Арсенал го постигна првиот гол на мечот преку Мартинели, но истиот беше поништен поради прекршок, по што казната стигна преку Антони во 35. минута, откако Арсенал направи грешка и им дозволи на ривалите лесно да стигнат до водство.
Сака го врати Арсенал во игра во 60. минута кога погоди за 1-1, но неколку минути подоцна Рашфорд со одличен го стрелаше за 2-1.
Англискиот напаѓач до крајот на мечот се запиша уште еднаш во листата на стрелци, и тоа во 75. минута кога погоди за конечни 3-1.
Арсенал останува на прво место со 15 бода, односно еден повеќе од Манчестер сити и Тотнем, по што следи Брајтон со 13 и Јунајтед со 12 бода во топ-5.