Натпреварот имаше ефикасен старт, па по водството од 8-0 на БиХ, во игра се врати Словенија и набрзо поведе со 12-10, по што Лука Дончиќ и другарите ја добија првата четвртина со 32-26. Големото возбудување продолжи и во вториот дел, а на полувреме со водство заминаа Словенците со 52-29.
Драматично беше и во вториот дел, при што Словенија никако не успеа да се одлепи на побезбедно водство и бо последните 10 минути од мечот влезе само со еден поен предност (73-72), кое набрзо се стопи и БиХ ја преземе иницијативата и водството (91-86).
Дончиќ и неговите колеги се обидоа да се вратат во игра и намалија на 91-93, но сепак немаа сила за пресврт, па Босанците запишаа сензационален триумф со 97-93.
Најдобар во тимот на Словенија беше Влатко Чанчар со 22 поени, а не помогнаа премногу ниту поените на Горан Драгиќ (20) и Лука Дончиќ (16) бидејќи босанските кошаркари беа пресилни. До триумф ги предводеше Џон Роберсон со 23 поени, Џенан Муса постигна 22, а Јусуф Нуркиќ додаде 12.