Нова победа во низата без пораз во квалификациите за Светското првенство во Катар оствари Аргентина која без проблеми ја совлада Венецуела во Буенос Аирес .
Последниот натпревар од претпоследното коло од јужноамериканските квалификации за Светското првенство во Катар се одигра на „Ла Бомбонера“ во Буенос Аирес, а Аргентина лесно ја совлада гостинската Венецуела.
Ова беше натпревар кој не одлучуваше ништо. Аргентинците одамна го обезбедија Катар, додека Венецуела ни со победа немаше да мрдне од последното место, па двете селекции можеа опуштено да влезат во мечот.
Тоа повеќе им одговараше на Аргентинците, кои поведоа во првото полувреме со голот на Николас Гонзалес, на асистенција на Родриго Де Пол, а Де Пол додаде уште една асистенција во вториот дел.
Во 79. минута тој асистираше за Анхел Ди Мариа кој влезе во игра во 70. и доминираше во финишот. Фудбалерот на ПСЖ најпрвин погоди за 2-0, а три минути подоцна му асистираше на Лео Меси за конечниот резултат.
Аргентинците треба да го одиграат мечот од последното коло со Еквадор и преостанатиот меч со Бразил кој беше прекинат, додека Венецуела, иако последна има шанса да ги крои судбините на патниците на Мундијалот бидејќи во последното коло ја пречекува Колумбија.
Квалификации за Светско првенство, Јужна Америка, 17. коло:
Аргентина – Венецуела 3:0