Идејата на ФИФА да го организира Светското првенство на секои две години предизвика остри контроверзи и сосема спротивни мислења во фудбалскиот свет. Додека УЕФА отворено се противи на таквата идеја и дури најавува бојкот на европските селекции, Светската куќа на фудбалот не се откажува.
Во посета на Ерусалим, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ја објасни позицијата на организацијата што ја предводи.
– Веќе е одлучено дека од 2026 година ќе го имаме Светското првенство со 48 репрезентации. Дали ќе се одржува на секои две или четири години е во фаза на консултации. Токму затоа што се работи за магичен турнир, можеби би требало да биде почесто – рече Инфантино.
Тој го спореди Светското првенство со одлични настани од други спортови.
– Репутацијата на настанот зависи од неговиот квалитет, а не од неговата фреквенција. „Секоја година имате Супербоул, Вимблдон или Лига на шампиони и сите се возбудени и едвај ги чекаат“, речеЏани Инфантино.