Првакот на Италија Наполи експресно одбил 100 милиони евра за својот најдобар напаѓач и голгетер и „златна копачка“ во Калчо лига, Виктор Осимен која дошла на адреса на наполитанците од францускиот гигант Пари Сен Жермен.
Според последните информации на „Газета дело Спорт“, првиот човек на Наполи, Аурелио де Лаурентис експресно им кажал „не“ на парижаните откако на адреса на клубот дошла понудата, порачувајќи им дека Осимен не е на продажба за толку малку пари.
Де Лаурентис веќе објави дека без 180 до 200 милиони евра нема намера да преговара за Осимен, а според најавите сега се очекува да пристигнат милионски трицифрени понуди од англиски премерлигаши кои исто така се заинтересирани за Нигериецот.
Центарфорот, пак, веќе објави дека за неговата иднина решава Де Лаурентис и дека ако првиот човек се реши да го задржи, тој нема да се противи на таа одлука.