Екипата на Баерн Минхен без потешкотии се пласира во следната рунда од Купот на Германија откако на гости го совлада Мајнц со 0-4. Целата работа тимот на Винсен Компани ја заврши во првото полувреме кога ги постигна сите четири гола, а во полн сјај блескаше Џамал Мусијала кој постигна хет-трик. Во листата на стрелците се запиша и Лирој Сане.
Арминија Билефелд го елиминира Унион Берлин со победа од 2-0, со головите на Ворл и на Бекер.
Вердер беше подобар од Падерборн на гости и победи со 0-1, а Хофенхајм со 2-1 триумфираше против Нирнберг.