Гундоган пристигнува на „Камп Ноу“ како директна замена за Серхио Бускетс и потпиша договор за две години, со опција истиот да биде продолжен на дополнителни 12 месеци.
– Кога веќе си одев, имав само еден клуб како опција и тоа е Барса. За мене беше Барселона или ништо друго. Од најмали нозе сонував да го облечам дресот на Барселона. Верувам дека имам уште неколку години во моите нозе на највисоко ниво, сакам да и помогнам на Барса да се врати онаму кадешто заслужува.
– Ќе имам нова средба со мојот стар пријател Левандовски и емотивен сум што ќе имам тренер како Чави. Станува збор за човек кој го следам и ценам многу долго. Кога зборувавме за проектот, се ми изгледаше многу природно и гледам многу сличности меѓу нас. Го гледаме и сфаќаме фудбалот на ист начин. Знам дека ќе имам голем притисок во Барселона, но јас го сакам притисокот. Сакам да излезам од комфорната зона, знам дека нема да ми биде лесно. Сакав нов предизвик и едвај чекам да го облечам дресот на Барса, – вели Гундоган во обраќањето за „The Players Tribune“.