Македонскиот интернационалец, Андреј Тодороски игра во одлична форма и со двагола ја одбележа победата на Спартак Суботица над ИМТ Нови Београд во првата лига на Србија.
Домаќините славеа со 2-0, а двата гола беа дело на 25-годишниот Тодороски. Андреј даде по еден гол во двете полуврмиња, а особено се издвојува оној вториот кога шутираше мајсторски за потврда на трите бода.
Офанзивецот има постигнато три гола во српскиот шампионат во оваа сезона и забележа една асистенција.
Претходно, во четвртото коло, тој го постигна единствениот гол во дуелот против Раднички кога погоди од слободен удар. Овие три гола се единствени за него сезонава во српскиот шампионат.