Реал Мадрид се извлече против Елче во Купот на Шпанија, но не успеа да го победи (2-2) истиот ривал во Ла Лига, и тоа на „Сантијаго Бернабеу“. Тимот на Карло Анчелоти промаши многу шанси, а во судиското продолжение се извлече и од пораз.
Едер Милитао во втората минута од судиското продолжение постигна гол за израмнување.
Елче имаше шокантно водство од 0-2, откако Карим Бензема најпрво не реализира пенал во 34. минута. Три минути пред крајот на првиот дел, Лукас Боје го доведе Елче во водство, а Пере Милја во 76.минута се погрижи за 0-2.
Лука Модриќ од пенал намали во 82.минута, а Милитао го спаси „кралскиот тим“ од пораз. Сега Реал Мадрид има предост од четири бода на врвот на табелата во Ла Лига.