Францускиот првак ПСЖ убедливо со 5-2 славеше во дерби пресметката против Монако и се зацврсти на првата позиција во Лига 1.
Монако постигна гол, но погодокот на Вандерсон беше поништен поради офсајд.
Во 18. минута Рамош донесе водство на ПСЖ од 1-0, но само четири минути подоцна Донарума направи катастрофална грешка и му подари погодок на Минамино кој го изедначи резултатот на 1-1.
Пет минути пред крајот на првото полувреме ПСЖ доби пенал, Мбапе беше прецизен од белата точка и го врати водството на својот тим.
Во 70. минута Дембеле по еден продор од десната страна даде гол за предност од 3-1. Ова беше негов прв и дебитантски гол во дресот на ПСЖ.
Само две минути подоцна Витиња погоди за 4-1, а набрзо потоа Монако постигна гол, Балоган намали на 4-2.
Конечните 5-2 за ПСЖ ги постави Коло Муани во 97. минута од натпреварот.