Лионел Меси со голот во победата на Пари Сен Жермен против Нант (4:2) постави уште еден неверојатен рекорд. Аргентинскиот виртуоз стигна до 1.000 погодоци на клупско ниво во кои бил стрелец или асистент на гол.
Во својата богата кариера, Меси има играно само за Барселона и ПСЖ и досега има постигнато 701 погодоци и плус 299 асистенции, што е доволно за јубилеј од 1.000 погодоци. На Меси ова му успеа во само 840 одиграни дуели, што значи дека во просек тој директно учествува на 1,19 погодоци по натпревар.
Во сите натпреварувања, Меси има постигнато 799 голови, што значи дека на следниот дуел на ПСЖ против Баерн во Минхен, може да се израдува на уште еден јубилеј, а тоа е 800 погодок во кариерата.