Бразилецот Рафиња ја врати Барселона на победнички колосек после киксот со Алмерија, со неговиот гол со глава на асистенција на капитенот Бускетс во 16-та мин. Тоа е уште една минимална победа на каталонците, која ги однесе на плус десет пред Реал Мадрид во трката за шампионската титула со натпревар повеќе од „кралевите“.
Феран Торес промаши пенал во 55-та минута, а четири минути подоцна Уругваецот Роланд Араухо беше исклучен, но половина час со фудбалер повеќе не и помогна на Валенсија да го казни домаќинот и да освои барем бод. Барса имаше шанса да го зголеми водството но Ансу Фати немаше среќа, неговиот шут заврши во дирекот.
Валенсија со поразот останува закована на претпоследното место со 23 бода, два зад најблиските над опасната зона, Севилја и Хетафе, кои имаат по 25 бода.