Италијанскиот шампиoн Интер го победи Јувентус во Торино со 0-1 и се уште има шанси да ја одбрани титулата. Дербито го одлучи Хакан Чалханоглу, од повторен пенал, во последните мигови од првото полувреме. Првиот пенал го одбрани Шчешни, но беше повторен.
Матијс де Лихт влезе предвреме во шеснаесетникот, па судијата Ирати го повтори изведувањето на ударот од белата точка.
Во вториот обид, Чалханоглу беше многу поуспешен и постигна гол.
Јувентус тргна потоа во тотална офанзива, се обидуваа Дибала и Влаховиќ, дирекот го погоди Закарија, но Интер на крајот стигна до победа.
Интер сега има 63 бода, три помалку од Милан и од Наполи, и се наоѓа на третата позиција, а Јувентус е на четвртото место со 59 бода.