Дојде денот кога македонската фудбалска репрезентација ќе се обиде да ја искористи шансата да се пласира на уште еден голем турнир. По настапот на Европското првенство, сега златната генерација репрезентативци ќе се бори за пласман на еден Мундијал.

Прва пречка е европскиот првак Италија предводен од Роберто Манчини. Проблемите во одбраната на „аѕурите“ ќе донесат мала предност за нашиот национален тим на вечерашниот меч. Медиумите на „чизмата“ очекуваат италијанскиот селектор да излезе со формација 4-3-3.

ИТАЛИЈА (4-3-3) веројатна формација:

  • Донарума; Флоренци, Манчини, Бастони,Емерсон; Барела, Жоржињо, Верати; Берарди, Имобиле, Инсиње.

Селектор: Роберто Манчини

На спротивната страна, Милевски нема да може да смета на Елиф Елмас и Тихомир Костадинов. Тоа ќе бидат промените во првиот состав кој ќе истрча на теренот во Палермо.

МАКЕДОНИЈА (4-3-3) веројатна формација:

  • Димитриевски; С. Ристовски, Велковски, Муслиу, Алиоски; Адеми, Барди, Николов; Чурлинов, М. Ристовски, Трајковски.

Селектор: Благоја Милевски

Досегашните меѓусебни дуели се на страна на Италијанците. Тие победија на гостувањето во Скопје, а потоа ремизираа на домашен терен во Торино.