Челси доживеа дебакл (1-4) на „Стемфорд бриџ“ од Брентфорд. Рудигер во 48.минута донесе водство за Челси, но потоа изненадувачки следеше пресврт на гостите.

Витали Џанелт беше двоен стрелец, а погодија и Ериксен и Виса.

Вулверхемптон ја совлада Астон Вила со 2-1, а Брајтон и Норич ремизираа без голови.