РБ Лајпциг го заборави европскиот пораз од Јувентус во средата и постигна значајна гостинска победа во Бундеслигата. Ељиф Елмас не доби шанса и остана на клупата во победата на РБ Лајпциг во Хајденхајм со 0-1.
На почетокот на вториот дел, Лоис Опенда го постигна голот вреден три бода. Розе во последната фаза од натпреварот ги повлече уморните Симонс и Шешко, го затвори натпреварот и дојде до значајни бодови.
Со оваа победа РБ Лајпциг изби на врвот на табелата, до одигрувањето на натпреварите на Баерн Минхен и Ајнтрахт Франкфурт, кои попладнево играат меѓусебе. Тимот на Марко Розе освои 14 бода, еден повеќе од Баерн и два од Ајнтрахт.