Рома триумфира над Фиорентина со 2-0 на „Олимпико“ и се доближи на три бода негатива до позициите кои водат во Лигата на шампионите. Аргентинецот Пауло Дибала беше човекот на одлука за, што и донесе победа на „волчицата“ против виолетовите.
Аргентинецот во 45. минута донесе водство, а во вториот дел уште еднаш ја затресе мрежата на „виолетовите“ во 82.минута од мечот.
Фиорентина од 24.минута играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Додо кој доби два жолти картони.