Лидс имаше добар почеток на мечот затоа што преку Родриго поведе со 1-0, но нивната предност траеше до 31. минута, кога Деклан Рајс израмни на 1-1.

„Чеканите“ во вториот дел преку Боуен и Ланзини постигнаа уште два гола и така ја потврдија 11. победа оваа сезона во Премиерлигата.

Лидс е на 18. место со 31 бод, односно два помалку од Евертон кој е во безбедната зона.